Бухова: Немам контакти со Жан Митрев

by Fokus

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Иринка Сотирова Бухова информира дека за три години Инспекторатат направил 45 редовни и 55 вонредни во 12 приватни болници, а во клиниката „Жан Митрев“ спроведени се 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори.

-Лично мене и ДСЗИ ме интересира кој е тој што од институцијата контактирал со Жан Митрев. Најодговорно тврдам дека немам никакви контакти со посочениот господин. Ја користам можноста и сега да личноста што ја даде дезинформацијата да ме побие со докази, односно да ги даде доказите со кои располага во соодветните институции, одговори Бухова на прашањето за тоа „кои кодошеле кај Жан Митрев“.

Бухова појасни дека ДСЗИ не дава дозволи за приватни клиники.

-Дозволата за „Жан Митрев“ е дадена од МЗ. Таа е во тек и е активна. ДСЗИ не е орган која треба да ја критикува одлуката која е дадена од МЗ. ДСЗИ не побарува дополнително време во однос на надзорите кои ги има направено, појасни Бухова.

Поврзани новости