Бугарското собрание го одобри францускиот предлог

by Fokus

Бугарското собрание по неколку часовна расправа го изгласа предлогот на Христо Иванов и Демократска Бугарија за прифаќање на францускиот предлог со дополнетите услови, со 170 гласа за, 37 против и 21 воздржан.

Со тоа Националното собрание му даде мандат на кабинетот да го одобри францускиот предлог за Pепублика Северна Македонија. Ова е првиот чекор кон добивање зелено светло за укинување на ветото и почеток на преговори меѓу РС Македонија и ЕУ.

Во текот на дебатата се слушнаа многу обвинувања за тоа кој бил предавник, кој ги изневерил, а кој ги заштитил бугарските национални интереси, до речиси едногласната констатација дека ова е најдобриот предлог што Бугарија го добила до сега, и на крај транспарентите на „Преродба“ „Македонија е Бугарија“, денеска се одвива расправата во бугарското Национално Собрание за предлог одлуката поднесена од „Демократска Бугарија“ за прифаќање на францускиот предлог и кревање на ветото за Македонија и Албанија.

 

Поврзани новости