Според прелиминарните резултати од пописот, населението на Бугарија се намали за 11,5 насто во изминатата деценија. Населението се намали за повеќе од 844.000 луѓе, од 7,3 милиони на 6,5 милиони луѓе, соопшти Националниот институт за статистика. Експертите го објаснуваат демографскиот пад на Бугарија на нискиот наталитет, високата смртност и стареењето на населението, ниските стапки на фертилитет и емиграцијата од најсиромашната членка на ЕУ.
Само во главниот град Софија населението се зголемило. Намалување е регистрирано во сите други делови на земјата, со драматичен пад од 26 насто во северозападните провинции Видин и Монтана и североисточната провинција Добрич. Националниот институт за статистика ги очекува конечните резултати од пописот до крајот на 2022 година. Претходниот попис беше спроведен во 2011 година.