Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

by Fokus

Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за напредокот на соседната земја во нејзиниот пристапен процес.

Зачудувачки е што обврските преземени од Република Северна Македонија, од страна на нејзиниот премиер се доживуваат како „мешање во нејзините внатрешни работи“. Ова е денешната реакција на бугарското Министерство за надворешни работи, на како што велат последователните изјави на премиерот Христијан Мицкоски, кои се однесуваат на тоа дали вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде единствено билатерално прашање на нашиот пат кон ЕУ.

Неговите изјави ги сметаме за уште еден обид да се заобиколат преземените обврски и да се сврти вниманието на јавноста од недостатокот на реформи“, се вели во реакцијата од бугарското МНР.

Оттаму посочуваат дека премиерот Мицкоски уште еднаш демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд за човекови права.

На тој начин, сакајќи или несакајќи, промовира манипулативни и лажни тези, кои би можеле да се сметаат за вистинско мешање во внатрешните работи на Република Бугарија“, пишува во реакцијата.

 

 

 

 

Поврзани новости