Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател изјави денеска дека веста за откриените 39 тела во камионот „ја шокирала и растажила“.

Таа напиша на Твитер дека била многу тажна поради „овој трагичен инцидент“, пренесува Ројтерс. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека веста за откривањето на 39 тела на мажи во камион во Есекс го запрепастила.

„Зачуден сум од овој трагичен инцидент во Есекс. Добивам редовни известувања од Министерството за внатрешни работи и тесно соработуваме со полицијата во Есекс за да утврдиме што точно се случило“, рече Џонсон.