Бугарското МНР го честиташе Илинден, македонското МНР се заблагодари

by Фокус

Бугарското МНР упати честитки до граѓаните на Северна Македонија по повод државниот празник – 2 Август – Илинден.

„Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи“, се вели во честитката.

Македонското МНР, исто така преку твитер, се заблагодари на честитиката.

„Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи“, се вели во реакцијата од МНР.

Поврзани новости