Позната е распределбата на ресорите во новиот бугарски владин кабинет што ќе го предложи коалицијата меѓу партиите „Продолжуваме со промената“ (ПП), БСП, „Има таков народ“ (ИТН) и „Демократска Бугарија“, објави БТВ. Според она што е објавено Министерството за надворешни работи ќе го води партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов.
ПП ќе раководи со осум министерства, БСП ќе има четири, ИТН – исто така четири, а ДБ – три.
Еве како изгледа распределбата на ресорите во моментов:
ПП: Финансии, Раст и иновации, Образование, МВР, Одбрана, Транспорт, Култура, Здравство
БСП: Државни претпријатија, Министерство за социјални работи, Земјоделство, Туризам
ИТН: Министерство за надворешни работи, Енергетика, Регионален развој, Спорт
ДБ: Правда, Екологија, Клима
Се очекува Советот на министри да има две нови структури одговорни за економската активност.
ПП очекува влада да биде избрана околу следната недела.