Бугарско МНР: Заклучоците на Советот на ЕУ беа блокирани неочекувано

by Fokus
Бугарија жали што неочекувано и без образложение бea блокирани заклучоците на Советот на ЕУ од страна на две земји-членки (Чешка и Словачка), соопшти бугарското Миистерство за надворешни работи. Чешка и Словачка вчера го блокираа усвојувањето на заклучоците за Западен Балкан во Советот на ЕУ, бидејќи не се согласуваат со текстот за Северна Македонија.

-Подготвени сме да ја слушнеме загриженоста што доведе до оваа одлука и да продолжиме со нашите напори да постигнеме консензус за проширувањето. Бугарија ги одобри заклучоците на Советот за време на состанокот на КОРЕПЕР II на 16 декември, при што германското претседателство постигна консензус, се вели во соопштението.

Во реакцијата се вели дека на инсистирање на Бугарија, на заклучоците беше додадена реченица за важноста на договорите на Република Северна Македонија со Бугарија и со Грција и дека нивното спроведување ќе стави крај на сите тврдења засновани на погрешно толкување на историјата.

-Ветото врз заклучоците на Советот ризикува да ја поткопа довербата на ЕУ и да ја спречи Унијата да го испрати многу потребниот сигнал до Западен Балкан за стимулирање на неопходните реформи што земјите кои сакаат да се приклучат мора да ги преземат. Како една од земјите членки што го поддржуваат проширувањето, Бугарија би сакала да го охрабри Советот да преземе конструктивен пристап во сегашната ситуација со цел да се овозможи донесување заклучоци за време на сегашното претседателство со Советот на ЕУ, се вели во соопштението.

Чешка и Словачка во заедничкото соопштение коешто го објавија синоќа велат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем за нив е реченицата за „погрешно толкување на историјата“.

Поврзани новости