Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол

by fokus

Бугарија е подготвена да ја одобри првата меѓувладина конференција за Северна Македонија со ЕУ, веднаш откако ќе го потпишеме билатералниот протокол, соопшти попладнево бугарското Министерство за внатрешни работи.

-Денеска Собранието донесе оддлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Северна Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи, објави бугарското МНР на Твитер.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи пак денеска рече дека неприфатливо е протоколот со Бугарија да влезе во преговарачката рамка, бидејќи ќе биде искористен за дополнителен бугарски притисок.

 

Поврзани новости