Бугарското МНР соопшти дека за време на состанокот во февруари, тие ја информирале Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат.
„Постои активен дијалог меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Република Северна Македонија со цел да се изнајдат решенија за отворените политички прашања. Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше за најновите предлози на Северна Македонија, официјално испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна. Во февруари, бугарската страна ги информираше претставниците на Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат“, соопштија од бугарското МНР.