Уште еден круг на избор на претседател на бугарскиот Парламент беше неуспешен претпладнево. Пратениците повторно не успеаја да изберат претседател по што беше овозможена пауза.
Кандидати за функцијата беа заменик-претседателот на ДПС Јордан Цонев, социјалистот Кристијан Вигенин и Цвета Рангелова од Преродба. Цонев и Вигенин влегоа во втор круг, но повторно никој не доби 121 глас.
За Цонев гласале 103 пратеници, за Вигенин 75.
Пратениците на „Бугарски подем“ не влегоа во пленарната сала.
-Ситуацијата станува безнадежна, изјави претседавачот со Парламентот Вежди Рашидов.
-Претстојно гласање е последното во кое учествувам. Тоа го изјави Кристијан Вигенин, од „БСП за Бугарија“, кој е номиниран за претседател бугарскиот Парламент, јави БТА.
Според него, ако првиот ден народните избраници предизвикувале омраза со своето однесување, сега предизвикуваат потсмев.
– По секои избори некои остануваат во опозиција, но како опозиција парламентот ви дава можност да го покажете вашиот лик, вашиот имиџ, посочи Вигенин.
Вигенин посочи дека ваквата состојба им оди во прилог на оние кои сакаат да покажат дека парламентот е технолошка институција, дека парламентот не е способен да работи.
-Сега сме на пат да го убиеме парламентот, што е уште полошо е што на овој начин се правиме бесмислени, посочи тој.
Луѓето не мразат, наскоро ќе почнат да не презираат на заедничка основа, додаде тој.