555
Црвениот лав на златна позадина со круна е чисто бугарско обележје, симбол на Второто бугарско царство, тврди бугарски „Телеграф“, во кој излезе напис со наслов „Македонија ни го краде грбот“.
Ова е прва остра реакција на бугарските медиуми откако пред два дена се појави информацијата за менување на државниот грб на Република Македонија.
-Никој никаде во Македонија не споменува дека тоа е симбол на Второто бугарско царство од кој произлегува и денешниот грб на Бугарија, стои во текстот.
Нацрт-законот за новиот државен грб вчера беше усвоен во Владата, а наскоро треба да помине и низ собраниска процедура.