Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

by fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16.

Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе.

– На Бугарија и е потребен повеќефункционален авион со комплетен пакет наоружување, опрема и обука на пилоти, рече Радев, оценувајќи дека тие услови не се исполнети со договорот.

Според договорот со американскиот произведувач, целата сума треба да се исплати пред септември, а авионите да се испорачаат до почетокот на 2024 година.

– Носењето стратешки одлуки во врска со одбраната и националната безбедност бара прифатливи финансиски параметри и широк консензус, рече денеска Радев.

Тој додаде дека забрзаната процедура за ратификација на договорот не дозволила да се расчистат прашањата околу цената, роковите на испорака и отштета во случај на доцнење.

Поврзани новости