607
Бугарското Народно собрание во понеделник, на вонредна пленарна седница, ќе расправа за гласањето недоверба на владата на Бојко Борисов, поднесено од опозициската БСП.
Предлогот за датумот на седницата го даде претседателот на Парламентот, Цвета Карајанчева, а доби поддршка од 172 пратеници, јавија бугарските медиуми.
Гласањето треба да се одржи 24 часа по завршувањето на дискусиите.
Ова ќе биде петти обид на опозицијата за соборување на владата на Борисов.