528
Бугарскиот европратеник од редовите на Либералите, Илхан Ќучук, е новиот известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент, одлучи вчера на комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.
Ќучук, кој доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл, ќе има обврска да ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на Северна Македонија, кои служат како основа за ставот на Европарламентот.
Тој е бугарски политичар од либералната партија „Движење за права и слободи“ (ДПС), која му припаѓа на либералдемократското семејство.