Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го следи и нотира ангажманот преземен од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗСД) во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението „Иван Михајлов“ од Битола.
„Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола, г-дин Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Конвенцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата“, се наведува во соопштение од МНР.