Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради употреба на терминот „северномакедонски“

by irena 17:42
17:42

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија најави дека ќе го повика бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков, на официјален разговор поради изјава на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова Чамова, која го употреби терминот „северномакедонски“.

Според информациите, спорната изјава била дадена вчера во Брисел, за време на краток разговор помеѓу Чамова и македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски. Употребата на терминот предизвикала реакција од македонска страна.

Муцунски преку социјалните мрежи порача дека ваквата терминологија е идентитетски навредлива и истакна дека Македонците се Македонци, додавајќи дека прецизноста во дипломатската комуникација не е само формалност, туку одраз на меѓусебната почит.

Од бугарска страна, Чамова по средбата изјавила дека разговорот бил конструктивен и повторила дека спроведувањето на уставните измени останува клучен услов за продолжување на македонските евроинтеграции.

Слични вести