Претседателот и секретарот на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој беше затворен, ќе добијат бугарско државјанство.
На Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов бугарските пасоши ќе им ги врачи бугарскиот претседателот Румен Радев, а потпретседателката Илијана Јотова ги потпишаа уредбите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.
Во март македонската Влада одлучи дека центарот не може да го носи името на „Ванчо Михајлов“ со образложение дека тоа е „провокација на националните чувства на македонскиот народ“ и побараа клубот да се преименува.
Откако тоа не се случи и по донесените измени на Законот за имињата на здруженијата и фондациите, бугарскиот центар во Битола беше затворен.
Обвинителството поднесе пријава за поттикнување омраза против претседателот на здружението.