Бугарски министри утре ќе положат цвеќе на гробот на Делчев

by Фокус

Официјална Софија утре ќе има свои претставници на чествувањето на 151-годишната од раѓањето на Гоце Делчев што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Бугарската делегација ќе ја сочинуваат вицепремиерот и министер за внатрешни работи на земјата Иван Демерџиев и заменик-министерот Венцислав Катинов, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Тоа предмалку го потврди и македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека во бугарската делегација ќе биде и министерот за здравство.

Поврзани новости