Бугарски министер поднесе оставка по скандалот со изградба на 700 мотели со европски пари

by fokus

Бугарскиот министер за земјоделство, храна и шуми Румен Порожанов денеска поднесе оставка поради скандал во врска со купување луксузни недвижности и изградба на мотели со помош на средства од Европската унија.

Порожанов поднесе оставка откако обвинителите покренаа истрага за можната измама во врска со средства од ЕУ за рурален развој, кои се искористени за изградба на повеќе од 700 мотели.

Локалните медиуми објавија дека Порожанов купил голем стан во 2004 година, многу под пазарната цена.

Според други извештаи, тој не ги пријавил прописно договорите за недвижности на сопругата во 2017 година.

– Министерот Порожанов ги негираше обвиненијата и му рече на премиерот Бојко Борисов дека не сака нападите врз него да влијаат на работата на Владата, соопшти прес-канцеларијата на бугарската Влада.

Поврзани новости