569
Не сме браќа со Македонците, порача историчарот проф. Иван Илчев во интервју за новинар на „24 Часа“.
-Можам да разберам, но не можам да го оправдам отворањето на културниот клуб со името „Цар Борис Трети“, а притоа да се изненадиш дека ќе предизвика остра реакција. Тоа е како да фатиш куче за опашка и да се изненадиш кога ќе те касне, вели бугарскиот историчар Иван Илчев.
Запрашан, какво име би требало да добие еден бугарски клуб за тоа да биде „на сеопшта радост“, тој рече дека сеопшта радост нема да има, но нема дополнително да се заоструваат односите ако бил крстен „Мост“, „Братство“ и со некои други неутрални имиња.