Бугарски европратеник за поразот на Македонија од Украина: Антибугари сте, затоа загубивте!

by Fokus

Александар Јорданов – европратеник од Бугарија и поранешен амбасадор на оваа земја во Скопје, од 2001 до 2005 година, „се сити“ на македонската фудбалска репрезентација за петочниот пораз од Украина во квалификацискиот натпревар за Европското првенство во фудбал.

„Добра вест. Украина ја победи Северна Македонија во фудбал! Среде Скопје. Сè додека се антибугари, така ќе биде“, коментира на Фејсбук Јорданов.

Тој стана познат по тешките навреди за Македонците по одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

 

Поврзани новости