Бугарски БГНЕС: Груевски го готви Димовски за нов лидер на ВМРО

by Фокус

Груевски го готви „античкиот Димовски„ за наследник, Заев очекува силна опозиција – со ваков наслов бугарската агенција БГНЕС објави текст поврзан со најновите внатрепартиски случувања во ВМРО-ДПМНЕ, која ќе избира нов лидер по најавата за оставка од Никола Груевски.

Како што пишува бугарската агенција, Димовски е меѓу најдоверливите лица во Извршниот комитет на актуелниот претседател Груевски. БГНЕС му го придава на Димовски епитот „антички“ поради тоа што, како што објавува, го бранел проектот„Скопје 2014“ и таканаречениот процес на антиквизација. Воедно, според БГНЕС, тој лично ја предводел блокадата на собранието.

„Со процедурална контрола, тој стори се што е можно за да го блокира изборот на новата влада на Република Македонија, што доведе до ескалација во земјата и насилство на парламентот на 27-ми април за време на „крвавиот четврток“. Повеќе од 100 луѓе беа тепани, вклучително и актуелниот премиер Зоран Заев“, објави бугарската агенција.

Поврзани новости