Владата на Република Бугарија го одобри нацрт-договорот со Република Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, пренесува бугарската агенција БТА.
Оттаму информираат дека ќе се формира и мешовит комитет и ќе се разговара со македонската страна за текстот на договорот.
Според БТА, целта на договорот е да се направат јасни обврски и рокови за изградба на железничката пруга меѓу Бугарија и С Македонија.
„Министерството за транспорт и врски како страна на договорот предлага двете страни да преземат реални активности за реализација на објектот на железничкиот тунел, кој е железничка врска меѓу двете соседни земји. Изградбата на стратегискиот транспортен Коридор 8 е предуслов за комерцијална и индустриска размена, како на билатерална основа меѓу Бугарија и РС Македонија така е и за земјите од регионот“, се наведува во соопштението од бугарската влада.