Бугарската потпретседателка Јотова: Односите со Северна Македонија ни се сведоа на издавање бугарски пасоши таму

by Fokus

Проблемите на Бугарија со Северна Македонија денес се резултат на немањето национална политика за Бугарите во странство, објави на Фејсбук бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

– Нашите проблеми со Република Северна Македонија денес се резултат и на немањето национална политика за нашите сонародници во странство. Односите ни се сведоа на издавање бугарските пасоши таму, без зголемување на влијанието на Бугарија, дури и по потпишувањето на Договорот за добрососедство, оцени Јотова.

Според Јотова, која е членка на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), Бугарија не воспоставила никакво лоби меѓу нејзините европски партнери во одбрана на „издржаната и едногласна бугарска позиција“.

– Немаме лоби во научните славистички кругови. Не ги обновивме и не отворивме нови лекторати на бугарски јазик, за разлика од постојните македонски, додава Јотова во објавата.

Поврзани новости