Бугарската еврокомесарка: Не треба да има Шенген граница меѓу Бугарија и Романија

by Fokus

Бугарската еврокомесарка Марија Габриел вчера ја коментираше одлуката на холандскиот премиер Марк Руте, Хаг да не го поддржи влезот на Бугарија Шенген.

Таа истакна дека кога се исполнети критериумите, земјите-членки треба да донесат соодветна одлука.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Габриел изрази надеж дека има уште време до 8 декември, кога Европскиот совет треба да ја донесе конечната одлука.

Габриел наведе дека и е драго што ЕК цврсто застана зад трите земји – Бугарија, Романија и Хрватска и оти „искрено се надева дека во оваа ситуација нема да се користат аргументи за кои нема место во оваа дискусија“.

Поврзани новости