Бугарската агенција Фокус: Родителите и брат му на Филип Петровски имаат бугарски пасоши

by Fokus

Поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ Филип Петровски ја обезбедил целата своја фамилија со бугарски пасоши, објави бугарската агенција „Фокус“ по неговото интервју за телевизијата „Алфа“, во кое што зборуваше против Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

„Филип Петровски, по потекло од Куманово, е познат како особено близок на фамилијата Груевски, иако веќе успеал да ги снабди најблиските со бугарски пасоши. Таткото на еден од најактивните борци против бугарско-македонските односи Тихомир Петровски доби бугарски пасош во 2011 година. Мајка му Маринела Петровска го доби пасошот во 2006 година, а брат му Марко Петровски во 2015 година“, пишува бугарски „Фокус“.

 

Поврзани новости