Бугарска фондација се понуди да го купи ФК Вардар, клубот одговори со „Море сокол пие“!

by fokus

Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ која шири бугарска пропаганда во Македонија за „еден народ во две држави“ го контактирал ФК Вардар и испратил понуда за купување на 51 отсто од акциите на клубот. Од ФК Вардар јавно порачаа дека клубот не е на продажба и дека не постои простор за дискусија со луѓе коишто не го признаваат македонскиот идентитет.

 


-Ситуацијата е крајно алармантна. До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација “Македонија”, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот.
Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!
На ваквите напади ќе продолжиме да одолеваме, само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта. Секој!
Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на ВАРДАР – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор!
Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме!
Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!
Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!, порачаа од ФК Вардар.

Поврзани новости