Бугарска фирма ќе ја снабдува Македонија со гас

by Фокус

ЕСМ Продажба соопшти дека е потпишан договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Македонија со Balkan Utilities од Бугарија.

Ваквиот епилог следува по либерализацијата на пазарот со природен гас на земјата и договорот со Булгартансгаз за проширување на капацитетот на системот за пренос на природен гас. Потрошувачите на природен гас во државата повикани се да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од први следната недела.

„Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh.Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец.  Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда“, објави ЕСМ.

Поврзани новости