480
Преставниците на земјите членки на Европската Унија ја избраа Бугарката, Кристалина Георгиева, за европски кандидат за местото директор на Меѓународниот монетарен фонд. Георгиева треба да ја замени Французинката Кристин Легард, која заминува од функцијата бидејќи е именувана за шефица на Европската централна банка.
По вториот круг од гласањето кое се одржа после 12 часовна дебата, Георгиева доби 56 отсто од гласовите.
Извршен одбор на ММФ, кој ја носи конечната одлука, соопшти дека се надева оти изборот ќе биде заокружен до 4-ти октомври.