Бугарите, Црногорците и Хрватите ќе станат уставна категорија, рекол македонскиот амбасадор во Црна Гора

by Fokus

Црногорците, Хрватите и Бугарите со усвојување на уставните амандмани во Северна Македонија, ќе станат уставна категорија, рекол македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, на средба до црногорскиот министер за човекови права и права на малцинствата.

Црногорските медиуми соопштија дека тој го информирал министерот за постапката околу усвојување на уставните аманадмани и за иницијативата за формирање на македонски национален совет во Црна Гора.

Уставните измени се во првата фаза на подготовка откако денеска беше формирана работната група.

Како што информираа од Министерството за правда, во работната група за сега учествуваат само претставници од владеачките партии и од институциите. Опозицијата одби да учествува, додека ексепртите ќе бидат соопштени до крајот на неделата.

Поврзани новости