818
Бугари од Македонија, но и од Бугарија денеска во центарот на Скопје се собраа на панихида за Мара Бунева. Организатор е фондацијата „Македонија“, а панихидата се одржа во црквата Св. Димитрија.
Потоа, учесниците се упатија кон спомен плочата на Бунева на кејот на Вардар, каде и се поклонија.
Фондацијата „Македонија“ организирала превоз за Бугарите од Охрид, Битола, Богданци, Струмица, Штип и Кочани.
ФОТО: Фондација „Македонија“