576
Бугарскиот форум на Тоше Проески и Игор Дамјанов, викендов организираа хуманитарен настан насловен како „Почит за Тоше Проески“, а се донираа парични средства за Анастасија Арикова од Сливница, мајка која боледува од леукемија.
Како што ни раскажаа организаторите, на настанот дошле околу 100 луѓе и се донирале 650 евра за Арикова, на која треба да и бидат пресадени матични клетки во Германија со цел да ја победи тешката болест.
Фото: Фејсбук