Бугарите мислеле еден народ во две држави живее, вели Адеми

by Fokus

Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбе р Адеми посочи дека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и секогаш присуствувал на координациите организирани и свикани од претседателот на Собранието Талат Џафери и рече дека ќе го пренесе ова барање до Владата и таа во рамки на нејзините надлежности и процедури ќе ги проследи согласно со Деловникот до Собранието сите овие документи, кои веќе се јавно објавени.

– Нема тука што да се крие. Кога ќе ги проследи? Па сега од нив зависи, од нив зависи, но нема проблем воопшто. Нема проблем, тоа може во секој момент да се проследат тие документи како дополнување на информацијата која веќе е проследена и доставена до Собранието. Па протоколот не е финализиран, кога ќе биде финализиран и потпишан ќе се достави и ќе биде јавно објавен како и сите други документи. Ништо нема спорно. Јас токму заради ова мислам дека битката против лажните вести кои се кројат во центри што не сакаат Северна Македонија да биде дел од ЕУ, можеме да ја добиеме само со транспарентен начин, со транспарентна објава на сите документи. Зошто е така? Бидејќи се уште преовладува мислење дека македонскиот јазик не е загарантиран, нели, а е загарантиран сега и засекогаш ако го прифаќаме предлогот. Досега немало барање, немало интерес од бугарската страна Бугарите да бидат дел од Уставот. Знаете зошто? Бидејќи мислеле еден народ во две држави живее, а сега јасно ќе се направи дистинкција помеѓу македонскиот народ и бугарскиот народ. Е тоа е придобивката. Е тоа е битката против лажните вести, рече тој.

Поврзани новости