Бугаринот со забрана за влез во Македонија најавува панихида за Мара Бунева

by Fokus

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија. Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Пред две години, на панихидата за Мара Бунева во Скопје, зборуваше бугарскиот европатеник Ангел Џамбаски.

Поврзани новости