Бугарија на 27 октомври ќе ги одржи седмите парламентарни избори во последните три години, најави претседателот Румен Радев, откако актуелните парламентарни партии не успеаја да формираат влада.
Радев најави дека утре во Народното собрание заклетва ќе положи новата техничка влада на Димитар Главчев, која ќе ја води државата до изборите.
Бугарија не успеа да формира стабилна влада откако антикорупциските протести ја соборија владејачката коалиција предводена од централно-десничарската партија ГЕРБ во 2020 година.
ГЕРБ, и денес најголемата партија во парламентот, реформистичкиот блок Продолжуваме со промените (ПП) и помалата партија Има таков народ не успеа да формира влада по изборите на 8 јуни.
Овие избори беа распишани по падот на владата на ГЕРБ и ПП во март. И двете партии се проевропски и пропазарни, но нивниот сојуз беше обележан со внатрешни кавги и лични ривалства.
На Бугарија очајно ѝ треба период на стабилна влада за да го забрза протокот на европските средства неопходни за реконструкција на нејзината стара инфраструктура.
Политичкиот застој го загрозува и планот на Софија за приклучување кон Шенген и еврозоната.