472
Бугарскиот министер за здравство, Асен Междиев денеска изјави дека „огромни количини“ вакцини против Ковид 19 со поминат рок се веќе уништени, а оваа година треба да се отстранат дополнителни 2,8 милиони дози.
-Не планираме да ги надополнуваме залихите. Во овој момент нема луѓе кои сакаат да се вакцинираат. Бугарија сака да го прекине договорот со BioNTech/Pfizer, според кој сме обврзани да ја купуваме вакцината против коронавирусот до 2025 година, рече Междиев.
Бугарија со 30 отсто вакцинирано населние има најниска стапка на вакцинација во Европската унија.