Ова ни е прв случај македонски државјани да биде приведен поради илегален транспорт на мигранти, изјави за МИА портпаролката на Регионалната управа на бугарското Министерство за внатрешни работи во Бургас, Цветелина Рандева, коментирајќи го денешното приведување на 60-годишен возач од земјава под сомнеж за шверц на мигранти од Авганистан.
– Досега имало државјани од многу други земји кои се занимавале со шверц на мигранти, но немало македонски државјанин, додаде Рандева.
Таа наведе дека приведениот македонски државјанин е идентификуван како Зоран Камилов и според податоците од неговата лична карта има 60 години и е од Гевгелија.
Тој е задржан од страна на бугарската полиција во 24-часовен притвор, а по истекот на овој период се очекува Јавното обвинителство во Бургас да му го продолжи притворот за уште 72 часа.