543
Бугарската влада започна операција за евакуација на тешко претепаниот Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, дознава bTV од бугарското дипломатско претставништво во Македонија.
Па така, ќе биде испратен владин авион „Фалкон“ а во него ќе има и екипа од Воено-медицинската академија составена од двајца лекари и медицинска сестра за реанимација.
Дваесет и тригодишниот Христијан од синоќа е хоспитализиран во Охрид со повеќе повреди по целото тело.