Бугарија оди на седми парламентарни избори за три години

by Fokus

Бугарија оди на седми избори по ред во изминатите три години. Претседателот на Националното собрание Раја Назарјан го одби претседателот Румен Радев да биде следниот вршител на должноста премиер.

Двајцата разговарале за можноста за средба во претседателството, откако политичката партија „Има таков народ“ го врати неисполнетиот трет мандат.

Гласањето најверојатно ќе биде во октомври, кога повторно треба Бугарите да излезат на гласање и да ги изберат пратениците во 51-то Народно собрание.

Бугарски медиуми јавуваат за можни датуми – 13 или 20 октомври.

Претседателот Румен Радев по вторпат треба да помине низ процедура според новите уставни правила по направените измени кои Уставниот суд не ги укина.

Тоа значи дека шефот на државата има листа од неколку опции од кои може да избере в. д. премиер.

Уставниот суд ја потврди валидноста на неодамнешните измени на основниот закон на земјата, со кои се бара претседателот да ги следи новите процедури за именување кабинет.

Процесот на избор на премиер станува се покомплициран, бидејќи во времето на консултациите ќе се одреди и датумот на претстојните избори.

Списокот на можни кандидати е се пократок бидејќи многумина веќе одбија да ја преземат функцијата.

Спиралата на предвремени парламентарни избори започна во пролетта 2021 година по третата влада на Бојко Борисов.

 

Поврзани новости