325
Бугарскиот премиер Николај Денков вели дека неговата влада нема причина да го смени ставот кон Македонија и очекува Македонија да ги исполни обврските преземени пред ЕУ. Ова тој го изјави за весникот „24 часа“ , за време на неговото учество на стратешкиот форум што се оддржува во Блед во Словенија.
„Категорично не. Со реализирањето на т.н францускиот предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, всушност разговорот веќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу РСМ и ЕУ. Тоа што се очекува, е нашите соседи да ги исполнат обврските преземени пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција “, изјави Денков