Бугарија не учествувала во подготување на нон-пејпер за спорот со Македонија

by fokus

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Дописникот на  МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи, информираше дека оттаму истакнале дека не се официјално известени за таков документ, ниту пак дека учествувале во неговата подготовка и поради тоа не можат да ја коментираат неговата автентичност и содржина.

Поврзани новости