Бугарија ќе премине на онлајн настава само под еден услов

by Fokus

Доколку над 10 отсто од учениците се заразат со корона вирус, тогаш ќе се премине на онлајн настава, соопшти денеска бугарскиот министер за образование и наука Николај Денков.

– Учениците од прво до четврто одделение и децата во градинките, ако сме во „зелената зона“, односно помалку од 100 заболени на 100 илјади луѓе, може да бидат без маски со одлука на педагошкиот совет. Меѓутоа, ако сме во „жолта“, „портокалова“ и „црвена“ зона – тогаш децата од прво до четврто одделение ќе мора да носат маски. Вакцинираните возрасни лица исто така ќе носат маски во училишната и предучилишната мрежа, рече Денков.

Поврзани новости