Бугарија ќе ја укине таксата од 10 евра за мегават/час за транзит на рускиот гас, во замена за влез во Шенген зоната.
Ова следи по реакцијата на Србија и Унгарија за воведувањето на оваа такса од страна на бугарските власти, како и заканата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека ќе стави вето за влез на Бугарија во Шенген зоната.
Бугарските власти велат дека таксата се отфрла и нема да се наплаќа се додека не се најде заеднички европски механизам.
Според двајцата поранешни бугарски премиери, Бојко Борисов и Кирил Петков, Бугарија не смее да ја пропушти шансата за приклучување на земјата кон Шенген зоната.
Македонските власти реагираа на воведувањето на нелегалната такса и најавија дека ќе ги искористат сите правни можности таа да се отстрани.
Руски гас преку Бугарија добиваат Македонија, Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина и Грција.