Бугарија oд понеделник ќе им овозможи на рестораните и кафулињата да отворат со полн капацитет, бидејќи балканската земја дополнително ги олесни ограничувањата воведени во средината на март за да го запре ширењето на коронавирусот.
Министерот за здравство Кирил Ананиев синоќа издаде нова наредба, дозволувајќи им на баровите и рестораните во Бугарија, зависни од туризам, да се вратат со работа во целост пред летната сезона. Ананиев исто така дозволи продолжување на културни и забавни настани, вклучувајќи театри, концерти и сценски претстави.
Сепак, дискотеките и ноќните барови мора да останат затворени бидејќи земјата останува под прогласена епидемиска состојба заради болеста ковид-19 до 14 јуни. Бугарија досега има 2.460 потврдени случаи на коронавирус, вклучувајќи и 133 смртни случаи, релативно низок број во Европа.