Бугарија ќе донира над 50.000 дози вакцини за Македонија

by fokus

Бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров денеска истакна дека Бугарија се подготвува да донира 51.000 дози вакцини за Република Северна Македонија.

Според Кацаров, Бугарија досега донирала 172.000 дози вакцини за Кралството Бутан и 50.000 дози на Босна и Херцеговина, а се подготвува да продаде 100.000 дози на Кралството Норвешка и 546.000 дози на Португалија.

Пред Националното собрание, бугарскиот министер за здравство рече дека официјална Софија презела чекори за купување сосема нова австриска вакцина, која се уште чека одобрување за употреба.

– Развиена е врз основа на умртвен вирус, додаде Кацаров.

Бугарија аплицираше за вкупно 13.909.963 дози вакцини за 2021 година, од кои 1.183.200 дози се испорачани до 10 август.

Поврзани новости