Македонските граѓани од денеска може да летуваат и во соседна Бугарија, доколку на граница покажат негативен ПЦР-тест на ковид-19, не постар од три дена.
Освен за нашата земја, ова важи и за други земји од регионот – Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, како и за државјани на Молдавија, Израел и Кувајт.
Државјани на овие земји можат да влезат во Бугарија за туристички цели со негативен ПЦР-тест, направен во последните 72 часа, соопшти Министерство за здравство на Бугарија.
За граѓани на Украина условот да достават негативен тест за ПЦР важи од 30 јули.
ПЦР тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија, како и од Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај. Тие не подлежат ниту на 14-дневен карантин.