Бугарија и се закани на Србија со ЕУ, после изјавата на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ кој се пожали дека Бугарија постојано се буни за правата на Бугарите во Србија, а не признава постоење на Срби во Бугарија.
Оваа изјава Бугарија ја нарече изненадувачка и несоодветна.
Според бугарското МНР, изјавата е „„во спротивност со основните принципи и вредности на Европската унија и декларираната аспирација на Србија за членство во ова демократско семејство”, додавајќи дека „Србија треба да се придржува кон обврските кои произлегуваат од процесот на пристапување во ЕУ”.
Дачиќ во гостување на српска телевизија кажа дека „Бугарија не ги признава националните малицнства, а таа постојано се буни за лошата положба на Бугарите во Србија“.
„Кога ќе споменеме Срби во Бугарија, ни велат нема такво нешто. Сега ние треба да кажеме дека нема Бугари во Србија. Тогаш ќе немаме проблеми со малцинството на Бугарија“, изјави Дачиќ.