721
На денешната заедничка прес конференција на премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, тие соопштија дека Бугарија веќе нема да го проблематизира краткото име „Северна Македонија“ и ќе почне да го користи.
-То значи дека Бугарија нема веќе да ја кочи упитребата на краткото име и за тоа ги извести ОН. Северна Македонија исто така испрати вербална нота до ОН во која изрично се потврдува дека нема било каква импликација врз територијата на Бугарија. Сега премиерот Петков ќе може слободно да го употребува името Северна Македонија, а не долгото Репбулика Северна Македонија, рече Ковачевски.