Бугарија го почитува македонскиот јазик и идентитет, тврди Петков

by Fokus

Бугарскиот премиер Кирил Петков јасно одговори дека идентитетот и јазикот на Македонија се прашања решени со Договорот за пријателство и добрососедство во 2017.

-Фокусот на заедничката работа и точниот календар се главниот фокус на средбата и отсега на овој начин ќе се мерат односите. Можам да ве уверам дека сум голем оптимист за нашата заедничка акција и ќе гледате резултати на неделно ниво, додаде Петков на прес-конференција во Владата.

Според него, неделните состаноци на сите комисии ќе дадат можност за работа, двете страни да бидат во постојана комуникација.

-Во нашиот Договор за соседство имаме многу јасна дефиниција за јазикот. Бугарија почитува и навистина сме многу горди што бевме првата земја што ја призна Северна Македонија и целосно го почитуваме самоопределувањето на вашите граѓани. Она што го постигнавме на оваа прва средба ги покажува различните дефиниции дека решивме отсега да имаме добрососедство, додаде премиерот.

 

Поврзани новости